ВМРО-ДПМНЕ ќе достави листи за кандидати за пратеници.
-Извршниот и Централниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ доцна синоќа заклучија дека нема поголем приоритет од почитување на Уставот и законите на Република Македонија и членовите на овие две тела одлучија партијата денеска до Државната изборна комисија да достави листи на кандидати за предвремените Парламентарни избори закажани за 5 јуни. Извршниот и Централниот комитет го утврдија составот на листите и по завршување на сите формалности, во законски предвидениот рок, истите ќе бидат предадени во ДИК. Извршниот и Централниот комитет на партијата, исто така одлучија да го поддржат учеството на преговарачкиот тим на ВМРО ДПМНЕ во процесот на изнаоѓање излез од кризата во која што СДСМ ја втурна Република Македонија.“ – вели Директорот на центарот за комуникации на партијата, Иво Котевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата