| четврток, 6 декември 2018 |

Герила-бојосување: Боја врз „Едно евро за Вицето“ во Скопје (ФОТО)

Подмладокот на владејачката партија организира герила-акција со бојадисување како одговор на протестите што секој ден во 18 часот се организираат во Скопје од страна на иницијативата „Протестирам“ и на невладините организации

prskanje - 02

На плоштадот во Скопје денеска се одржа герила-акција во која со пиштоли на вода, наполнети со боја, беа испрскани плакати на кои стои испечатени едно евро (1€). Акцијата ја организираа членови од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Со ова тие сакаа симболично да покажат дека се против аболиција на лица кои се осомничени за примање мито, односно против аболицијата на Зоран Заев, кој беше осомничен за примање поткуп од 200.000 евра.

prskanje - 01

Пред една година се појави видео во кое Заев, во разговор со струмички бизнисмен велеше дека едно евро треба да му биде дадено нему, а едно евро на Вицето. Акцијата на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на слични други акции, наречени „Едно евро за Вицето“.

prskanje - 03

Герила-акцијата со бојадисувањето подмладокот на владејачката партија ја организира како одговор на протестите што секој ден во 18 часот се организираат во Скопје од страна на иницијативата „Протестирам“ и на невладините организации, а кои се насочени против одлуката на Ѓорге Иванов за аболиција на политичари против кои се водат постапки.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top