| четврток, 6 декември 2018 |

„Музеумлинк 2016“ ќе ги поврзе македонските музеи

Збогатување на културното живеење во повеќе македонски градови има цел проектот „Музеумлинк 2016“, во рамки на кој музеите ќе соработуваат во насока на меѓусебна поддршка и збогатување на културната понуда.

Како што соопшти Музејот на град Скопје, утре во изложбениот Салон 1 на Музејот јавноста ќе биде запознаена со започнатите активности на проектот, меѓународните и на домашните изложби кои ќе бидат презентирани во повеќе македонски градови, како и дел од конкретните датуми во кои вљубениците во уметноста ќе имаат можност да ги проследат изложбите токму во своето место на живеење.

Иницијативата е на Музејот на град Скопје, а досега во различни делови се вклучени Заводот за заштита на спомениците на културата и на Музејот на Штип, Заводот за заштита на спомениците на културата и Музејот на Битола, Заводот за заштита на спомениците на културата и на Музејот на Охрид, Музејот на Тетовскиот Крај од Тетово, Народниот Музеј од Велес, Музејот на градот Неготино, Музејот на Кавадарци, Музејот од Куманово, Народниот Музеј од Свети Николе, Музејот на градот Кратово, Градскиот музеј на Крива Паланка, Музејот на градот Виница, Музејот на Гевгелија, Заводот за заштита на спомениците на културата и Музејот на Прилеп и други институции.

Соработка, како што е соопштено, претставува продлабочување на проектот „Артлинк“ 2016, кој во Музејот на град Скопје ги собра претставниците на десет универзитети и факултети од Македонија што ги изучуваат креативните уметности, поврзувајќи ги меѓусебно со повеќе изложби, работилници и уметници од европските земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top