Осумдесетгодишна жена вчера загинала откако ја прегазил воз што сообраќал меѓу Тетово и Гостивар.
МВР јави дека вчера околу 9.20 часот, на железничката станица Тетово кон железничката станица Гостивар, во близина на стојалиштето Жеровјане, се случила железничка незгода во која патнички воз што сообраќа на релација Скопје – Кичево, управуван од П.Б.(50) од Скопје, удрил во пешакот Хајрије С.(80) од село Горно Седларце, која починала на самото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.