Екипата на Оклахома славеше на можеби најважниот меч во серијата против Сан Антонио со 95-91 и поведе со 3-2 во победи во полуфиналната серија на западната конференција во НБА лигата.
Убедливо најзаслужен за ваквиот исход е плејмејкерот Расел Вестбрук кој долго време беше во сенка на Дјурент за ноќеска да блесне со сиот свој сјај. Тој беше на чекор до трипл-дабл постигнувајќи 35 поени, 11 скока и девет асистенции, но особено беше експониран во последните четири минути. Во нив Сан Антонио влезе со предност од 88-82 и се чинеше дека лесно ќе го приведе натпреварот до крај. Сепак, одговорноста ја презеде Вестбрук кој со седум поени, два скока и асистенции се погрижи за пресврт и водство од 3-2 на Оклахома во полуфиналната серија на Западот.
Се чини дека клучен момент за новиот брејк на Оклахома беше на 6,3 секунди до крајот на мечот кога успеа да постигне кош под фаул и да го реализира слободно фрлање.
Покрај Вестбрук втората ѕвезда во тимот Кевин Дурант истотака одигра одличен меч реализирајќи 23 поени. Кај Сан Антонио најдобри беа Леонард со 26 и Грин и Олдриџ со по 20 поени.
Следниот натпревар се игра на теренот на Оклахома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)