Меѓународниот филмски фестивал, 69-ти по ред, започнува денеска и ќе трае до недела 22 мај, кога ќе биде прогласен овогодинешниот добитник на Златна палма.
Фестивалот ќе биде отворен со новиот филм на Вуди Ален „Cafe and Society“, во кој главните улоги ги играат Кристен Стјуарт и Џеси Ејзенберг.
Тоа е трет филм на Вуди Ален кој го отвора престижниот фестивал на Азурниот брег, по филмот „Холивудски крај“ кој го отвори фестивалот во Кан во 2001 година и „Полноќ во Париз“ од 2011 година.
За Златната палма ќе се натпреваруваат 21 филм, меѓу кои се „Hulijeta“ на Педро Алмодовар, „The last Face“ на Шон Пен, „Paterson” на Џим Џармуша, „Loving“ на Џеф Николс и „Juste la fin du monde“ на белгиските браќа Лик и Жан Пјер Дарден.
На проекцијата на боксерската драма „Раце од камен“ на венецуелскиот режисер Џонатан Јакубовиц, кој е надвор од официјалната конкуренција на фестивалот, ќе се појави славниот Роберт ден Ниро, кој глуми во филмот.
Де Ниро инаку глумеше во два филма кои се наградени со Златна палма , „Таксист“ на Мартин Скрсизе во 1976 и „Мисија“ на Роланд Џоф од 1986 година, а исто така беше и претседател на жирито ба фестивалот во 2011 година.
Жирито оваа година ќе го претставува австралиски режисер, сценарист и продуцент Џорџ Милер, а согласно досегашната традиција на универзален и меѓународен пристап и објективност на жирито, на Милер ќе му се придружат осум филмски критичари од Иран, Данска, САД, Италија, Франција, Канада и Унгарија.
Покрај Милер, жирито е составено од четири жени и четири мажи: актерката Кирстен Данст, пеачката и актерка Ванеса Паради, режисерката Валерија Голино и иранската продуцентка Катајун Шаби, додека составот на машката половина на жирито е: актерите Доналд Садерленд и Мадс Микелсен, режисерот Арно Деплешени И Ласло Немеш, кој минатата година ја освои Гран-при наградата за филмот „Синот на Саул“.
Канскиот фестивал претставува еден од најпрестижните филмски фестивали на светот кој првпат е одржан во 1939 годинс, но официјално во 1955 година е прогласен како натпревар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.