| четврток, 6 декември 2018 |

Народни собири на ГДОМ во Битола, Прилеп, Кичево, Велес, Радовиш, Делчево и Валандово

Масовните собири организирани од Граѓанското Движење за Одбрана на Македонија (ГДОМ) продолжуваат и денес.

gdom-bitola2

И денес граѓаните на Битола, Прилеп, Кичево, Велес, Радовиш, Делчево и Валандово во 19 часот гласно и масовно ќе повторат дека кризата мора да заврши и мора да одиме на избори.

-Демократијата и правото на глас не смеат да бидат суспендирани од никого. Граѓаните мора самите да одлучуваат за сопствената иднина и тоа мора да го сторат единствено на избори. Не сакаме друг начин, не сакаме друго деструктивно сценарио кое некој овде решил да го спроведува. Никој друг нема право ниту да одлучува во име на народот освен самиот народ. Избори мора да има и на нив Македонија ќе победи! Се гледаме во Битола, Прилеп, Кичево, Велес, Радовиш, Делчево и Валандово од 19:00 информираат од ГДОМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top