| четврток, 6 декември 2018 |

Соработка со Театар Комедија и средношколците од „Јосип Броз Тито“

Во саботата на 7. мај во 20 часот во Театар Комедија, средношколците од гимназијата „Јосип Броз Тито” ја одиграа својата претстава која беше комбинација од два текста на Горан Стефановски – ,„Тетовирани души” и ,, Хај Фај”.

„Театар Комедија соработува успешно со оваа гимназија повеќе од една година и им овозможи на средношколците да ја почувствуваат магијата на вистинската сцена. Нам ни е важно да бидеме отворени и да им дадеме можност на младите, одблизу да го запознаат театарот, да ѕирнат зад завесата, да ја почуствуваат силата на уметноста – оти од неа нема поголема – изјави директорката Јелена Жугиќ.

Театар Комедија донираше и триесет книги од ,,Стихораскажувалка” на Благица Секулоска, која е вработена како драматург во Театар Комедија и која им порача дека и таа како и тие правела средношколски претстави, а денес нејзините текстови се играат во театар и дека соништата се остваруваат ,само ако доволно веруваш.

Директорката Татијана Стојанова Дуева изрази благодарност и напомена дека е ова само почеток на една долга и квалитетна соработка, која допрва ќе се развива и продлабочува. Аплаузот на крајот и насмеаните лица и на оние на сцената и на оние во гледалиштето е потврда дека меѓусебната соработкатабеше наградена и даде успешен резултат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top