| четврток, 6 декември 2018 |

Милионер ќе му даде 180 милиони долари на маж што ќе се ожени за неговата ќерка (видео)

Сесил Чао, милијардер од Хонгконг дал понуда што ретко кој може да ја одбие. Овој богаташ нуди 180 милиони долари за маж што ќе го освои срцето на неговата ќерка.

Секако, со привлечната понуда доаѓа и еден услов. Неговата ќерка е лезбијка и токму тоа е причината за милионите што ги нуди Чао . Неговата ќерка се вика Џиџи, има 36 години и е среќно мажена за својата партнерка, но богатиот татко, кој бил познат плејбој во младоста, не се откажува од својата намисла.

На прашањето зошто толку многу сака неговата ќерка да се омажи за маж, Сесил вели:

– Не би ја присилувал да се омажи за маж, но сакам да добијам внуци и зет – појаснил тој.

Со цел на потенцијалните кандидати да им покаже што ги очекува доколку го освојат срцето на неговата ќерка, Сесил ја отворил вратата на својата луксузна вила.

gigi

Овој богаташ првата понуда ја дал во 2012 година и таа гласела на 60 милиони долари, подоцна повторно се огласил во 2014 година и тогаш износот се зголемил на 120 милиони, за да неодамна понуди неверојатни 180 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top