| четврток, 6 декември 2018 |

Јувентус најде замена за Мората во името на Алексис Санчез?!

Старо-новиот шампион на Италија екипата на Јувентус откако го продолжи договорот со тренерот Масимилјано Алегри за уште две години, веќе почна да го составува тимот за следната сезона.

Токму Алегри во новиот состав сака да купи играчи од Премиер лигата, а во Торино би можеле да пристигнат Немања Матиќ и Оскар од редовите на Челси, но, сепак, изненадувањето треба да се вика Алексис Санчез. „Старата дама“ ќе се обиде да го доведе Санчез од Арсенал, иако тоа нема да биде нималку лесна мисија за раководството на клубот.

Како што е познато, Алваро Мората речиси сигурно ќе си замине, со оглед дека Реал Мадрид има право да ја искористи клаузулата и да го откупи за сума од 30 милиони евра, а се споменува дека потоа ќе го препродаде токму во Челси.

Алегри би сакал Алексис Санчез да пристигне во Торино на негово место. Со парите од Мората и дополнителни 10 милиони евра, Јувентус ќе испрати понуда вредна 40 милиони евра за одличниот чилеански репрезентативец. сепак, прашање е дали Арсенал ќе се откаже од неговите услуги.

Санчез барем засега одбива да почне преговори за нов договор со „топчиите“, медиумите тврдат дека е во конфликт и со тренерот Венгер, па лесно може да се случи тој во текот на летото да си замине од Лондон, особено доколку пристигне интересна понуда за неговите услуги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top