И повеќе од јасно е дека за СДСМ не постои нешто што е свето, вредно за почит или пак нешто што треба да се остави на страна, бидејќи местото не му е во политиката.
Врвот на очајот на СДСМ се гледа токму во оној момент кога ќе почнат да злоупотребуваат деца за политички цели.
Пред неколку дена, активисти на СДСМ на градинка во Кавадарци напишаа политички пораки, а претходно видовме и дека поддржувачи на Шарената револуција на протестите носат и деца на кои им даваат да носат транспаренти со невкусни пораки.
СДСМ и денеска организираше протест пред општината во Кавадарци, но нивните активисти беа пречекани со транспаренти на кои пишуваше: „НЕ ГО ФАРБАЈТЕ НАРОДОТ“ и „ИСЧИСТЕТЕ ЈА ГРАДИНКАТА,НЕ ЗЛОУПОТРЕБУВАЈТЕ ДЕЦА ВО ПОЛИТИКА“.
Познати по својот вандализам, активистите на СДСМ ги дофатија транспарентите, ги искинаа и почнаа да ги газат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.