| четврток, 6 декември 2018 |

Енрике Иглесијас доби подарок роденденска торта тешка 500 килограми

Енрике Иглесијас одржа концерт во „Арена“ во Загреб, Хрватска. Атмосферата на концертот се вжештила кога публиката му ја отпеала „Среќен роденден“, а по тој повод тој добил подарок торта тешка повеќе од 500 килограми.

Концертот во „Арена“ поминал одлично, а со својот настап латино -вездата сторила сѐ да остави впечаток на заводник од почетокот на кариерата.

Латино-пејачот за првпат ќе гостува и во Македонија. „Авалон продукција“ го носи во Скопје на 20 јуни во СЦ „Борис Трајковски“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top