Комплетно е распродаден партерот за концертот на Енрике Иглесијас во Скопје уште минатата недела.
Во продажба се сè уште само билетите за трибините. Сите тие што сакаат да присуствуваат на првиот концерт на изведувач од А-листата во историја на Македонија, а сè уште немаат билет, нека побрзаат. Многу е веројатно дека целиот преостанат капацитет ќе биде распродаден до понеделник, 13 јуни, една недела пред неговиот концерт во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


