Како дел од историскиото концертно лето во Македонија, синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ се одржа концертот на Енрике Иглесијас.
Ова е прв пат во Македонија да дојде пејач што е од А-листата на светски изведувачи, а Енрике со синоќешниот настап го потврди тоа. Концертот беше суперексклузивен и е убедливо најмал од сите простори во кои Енрике последниве десетина години настапувал низ светот, но тоа не беше пречка тој професионално да си ја одработи работата. Постојано беше блиску до публиката, го прегрнуваа, пееја со него, се фотографираа…
Шпанскиот заводник во Скопје доаѓа во рамките на светската турнеја „Sex and Love“ во која го промовира својот последен студиски албум. На македонската публика ќе ѝ се претстави со сите негови досегашни хитови, вклучувајќи ги последните и можеби најпопуларни „Bailando“, „El Perdon“, потоа, „Not in Love“, „Hero“ „Tonight“, „Bailamos“, „I like it“…, што несомнено беа на високи позиции на разни топ листи во светот.
Енрике Иглесијас планетарната слава ја доживува со плочата „Enrique“ четири години подоцна, додека следните албуми „Escape“, „Quizas“ и „Insomniac“ дополнително му ја зацврстија позицијата како еден од водечките пејачи на светската сцена.
Енрике има продадено над 140 милиони албуми ширум светот, а исто така тој е еден од ретките изведувачи, чиј хит-сингл „Bailando“ има преку милијарда прегледи на Јутјуб, што му обезбеди и место во Гинисовата книга на рекордите.
фотографии: Ѕвонко Плавевски/ Авалон продукција
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.