Моно-спектаклот на Никола Тодороски “Писма од земјата” синоќа беше на програма на Фестивалот на монодрама во Битола…
“Писма од земјата” е сатирична турболенција во која Никола Тодороски го толкува ликот на Лудиот Филозоф или едноставно кажано Будалата. Лик кој постои откако постои светот и е тука за да не соочи сите нас со најгорчливите сегменти на човековото постоење, корупција, административен поглед кон религијата, смрт, алчност за пари, цивилизацијата воопшто. Ние како пасивни гледачи или сеирџии сме приморани од страна на Будалата да вкусиме од горката чаша и така згрозени да плукнеме на се она што ни го грчи желудникот и не тера да се мрштиме, за потоа повторно со насмевка да го почувствуваме слаткиот вкус во нашата уста-овојпат знаејќи дека може да биде и полошо.
Текстот е адаптирано сценарио според раскази на еден од врвните светски сатиричари Марк Твен. Ова е прв театарски проект на Никола од ваков тип во кој тој се јавува како главен лик и режисер, автор на сонговите и сценарист.
фото: Димитар Петковски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.