| четврток, 6 декември 2018 |

Министерството за образование го исполнува ветеното: Се реконструираат старите, се градат нови училишта

Нови 6 училишта ќе се градат или доградуваат оваа година,  информираат од Министерството за образование. Во тек се подготовки на проектите. Се планира изградба на училишта во Горно Лисиче, Маџари, Студеничани, Визбегово, а доградба ќе се врши на објектите во Хром и тетовско Фалише.

mkd-42123

Во меѓувреме, според надлежните интензивно се реализираат претходно најавените инвестици во образовната инфраструктура. Од предвидената реконструкција на околу 60 училишта годинава речиси две третини веќе се обновени. Нов изглед добија повеќе училишни објекти во Охридско, Кичевско, Македонски Брод.

19-02-2016-mmm

При крај е реконструкцијата и на други десетина училишта во неколку во Скопје, Струшко, Светиниколско. Со проектот се опфатени и градски, но и рурални средини, велат од министерството.

-Во делот на основното и средното образование, фактот што последен пат пред нашиот мандат, пред 2006 година, не се помни кога е изградено новото училиште, беше причина да инвестираме речиси 50 милиони евра за изградба на 74 нови училишни објекти и за санација и реконструкција на приближно 400 постојни. Само во изминатите, без малку 2 години изградивме 14 нови објекти и реконструиравме 50 училишта, изјави на 28.03 Спиро Ристовски, заменик-министер за образование и наука.

12737131_10201390072829077_806250217_o-39335

Како што информираат од ресорното министерство при крај е изградбата на новото основно училиште во Кисела Вода, а подготвен за првата генерација средношколци е и училиштето во Сарај.

12209049_1693127524243243_61791843_o-21011

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top