| четврток, 6 декември 2018 |

Со шарена перална за пари СДСМ и Сорос ѝ ги фарбаат очите на јавноста

„Се моли шарената револуција да не го фарба народот“, „Нема дневници за протест“, „Протестирам на СДСМ има 5.332.759 причини за протестирање, колку што е и буџетот на СОРОС изразен во евра… Ова се само дел од транспарентите кои деновиве можат да се забележат на протестите на таканаречената „шарена револуција“, за која во авноста нема дилеми е дека е параван за дестабилизација на македонската држава и доаѓање на власт без избори.

Snap-2016-04-22-at-00.37.37-768x520

„Шарената револуција“ како што тие самите ја нарекуваат практично е превез зад кој се крие желбата за доаѓање власт на СДСМ без избори и без волјата на народот. Во јавноста веќе на широко се коментира дека  таканаречената “шарена револуција“ е скапо платена кампања преку која се перат пари, но и се сака да се загрози стабилноста на државата.

Во изминатиот период медиумите пишуваа дека СДСМ плаќа чета професионални демонстранти. Сведочењата велат дека професионалните демонстранти протестираат за дневница и до 50 евра. Ова е добро позната методологија на СДСМ во очајничките обиди да добијат масовна поддршка на своите настани, во недостиг на поддршка од народот која ќе ја заслужат со својата програма, идеи и доверба која би била заслужена.

СОРОС троши по 15 илјади евра на ден- 5,3 милиони евра годишно за рушење на демократски зибраната влада

 

295742-sluchaj-ramadani-i-islamskiot-radikalizam-e-del-od-sdsm-i-soros

327.964.687 денари е точниот буџет на организацијата СОРОС кој бил потрошен во последната фискална година, тоа во евра изнесува 5. 332. 759, или во просек се трошеле дневно по 15 илјади евра за рушење на демократски избрана Влада и за подршка на активностите на СДСМ.

Во над 20-годишното постоење на СОРОС Македонија буџетите и парите кои се потрошени се околу неверојатни 100 милиони евра. Со најновиот буџет се трошени пари за лобисти, странски сестрински организации на СОРОС кои имаат задача да пишуваат негативни извештаи за државата, прикажување во негативно светло и организирање на протести.

Дека се фрлаат многу пари од кои државата има само штета покажува и финансирањето на наводно невладините организации кој вештачки треба да преставуваат граѓански сектор. 78 организации се членки на органзиацијата Граѓаните.мк, а речиси истите се и предводници на иницијативата „Протестирам“.

Огромни пари се вливаат и на име на ставка плати. Во просек секоја од овие организации има по десетина активисти или вработени. Тоа се околу 780 луѓе- истите тие кои протестираат, чкртаат и ги вулгаризираат спомениците и објектите низ центарот на Скопје.

Бројките покажуваат дека луѓето од таканаречениот отпор „Протестирам“ вртат милиони евра и во услови на наводен режим одлично заработуваат. Дека не е во прашање недостаток на слобода туку желба за гола власт и дополнително богатење покажува дека нивните лидери имаат недвижен имот на кој може да позавиди секој просечен граѓанин.

Радикални албански елементи во пакт со Заев -барањата се федерализација стануват се погласни

zaev_albansko-zname

Барањата за федерализација на амкедонската држава изминатиов перио стануваат се погласни. Албанските партнери на Заев кои отворено му даваат поддршка за протестите во кои се уништуваат македонските споменици отворено збоуваат дека се залагаат за федерализација на Македонија и дека за тоа разговарале со опозицискиот лидер.

Пазарот на Заев е многу јасен и тој тоа го најави уште во 2008 година кога јавно порача дека државата мора да ја „свитка кичмата“ за да постигне решение за името. Последниот скандал е што на отворена сцена се гледа како Заев договарал федерализација на Македонија, а во игра е промена на знамето, на името, на химната на државата и создавање на дводомен парламент, при што претседател на државата да биде Албанец по систем на ротиција. Овие барања ги испорача албанската дијаспора на Македонија (АДМ) преку нејзиниот претседател Муса Љамалари – Тим Шкупи, со кого Заев на 13 април, имаше средба во седиштето на СДСМ на „Павел Шатев“.

Од друга страна, за суштината на разговорите на посебна прес-конференција зборуваше Љамалари. Тој изјави веднаш по средбата со Заев дека нивна најголема заложба е федерализација на Македонија и дека за тоа разговарале и договарале со Заев. Истовремено потенцира дека по средбата, во координација со СДСМ, Албанците и нивните партии започнале да излегуваат на протести, што и се потврди со протестите на радикалното исламско движење Беса и ветераните на УЧК, кои маршираа низ Скопје со албански знамиња. Ова најдобро потврдува дека е паднат некаков договор Заев – Љамалари, чијашто главна цел е федерализација.

На протестите на Албанците, пред сѐ, исламските радикали и ветераните на УЧК, беа ставани албански симболи на спомениците на АСНОМ и останатите спомен-обележја кои се симбол на македонската државност.

Истовремено дека ова не е случајно зборува и фактот што претходеа отворени ставови за федерализација од страна на Заев и други првенци на СДСМ како Бранко Геровски, Фрчковски.

Заев во интервју за косовска телевизија најави потреба од ревидирање на Рамковниот договор и учење на албански јазик во основните училишта, што значи преструктуирање на уставниот поредок на државата со бинационален елемент.

Идентично на барањата на албанската дијаспора за претседател Албанец по систем на ротација е и ставот на Љубомир Фрчковски како главен идеолог на СДСМ, кој посочи дека треба да се размислува за уставни промени и воведување на систем на ротација со претседател Албанец.


Дека сето ова е смислена игра и одамна подготвуван терен е и изјавата на Заев, кој јавно си истакна дека нема да води патриотска политика.

Токму тоа е целта на ослабената Македонија од кризата на Заев. Освен албанскиот елемент на порта се тенденциите и за промена на името.

Не за џабе Заев е меѓу омилените политичари во грчката политика, но и најпосакуван партнер за преговори за името. Елефтеротипија, Товима, Екатимерини, како и грчките националистички идеолози како Докос, со години го поддржуваат Заев и во неговата попустливост за изнаоѓање на решение за името кое би било на штета на државата.

СЈО е камчето од мозаикот и смисленото сценарио

Во јавноста нема нема дилеми дека Специјалното ајвно обвинителство како вонуставна категорија е камчето од мозаикот и смисленото сценарио за уцена и политичка елиминација на политичките противници. Бројни експерти излегоа со став дека СЈО нема уставно правно- сидро и дека плови под ветерот на опозицијата.

-СЈО практично потврдува дека е орган кој нема свое сидро во правниот систем, а особено нема уставно правно сидро, а кога вие немате уставно правно сидро вие пловите, но главно пловите од ветерот од оној кој што ве донел во тие води, а знаеме кој го донесе тоа, дека тоа опозицијата го бараше и дека опозицијата цело време изразува недоверба не само во обвинителството туку и во целокупното судство или поточно речено во правораздавањето зошто тука се опфатени и многу други субјекти. Ако вие тоа јавно сидро го разнишате, во тој случај што очекувате, една крајна недоверба и се разбира секаква манипулација, вели универзитетскиот професор Саво Климовски.

Експертите сметаат дека специјалното јавно обвинителство одработува политичка агенда на СДСМ.

-Уставот е повреден, начелото на законитост е повредено. Не може во истражна постапка да се жигосуваат луѓе. Тоа е дел од сценарио. СЈО е ставено како спрега на СДСМ, а Јанева одработува политичка агенда., вели универзитетската професорка Тања Каракамишева- Јовановска.

Јанева не си ја работи работата, работи тоа што и е диригирано од странски амбасадори и од Зоран Заев. Заев ги најавува работите и се куражи за пред своето членство, смета политчкиот аналитичар Александар Пандов.

-Главна материја на Јанева и беа прислушуваните материјали кои требаше да ги поседува само Зоран Заев. Но пред тој да ги предаде, се откри фабриката за афери кога видовме дена и Чауш има 70.000 од тие разговори. Нема да ме чуди ако Заев се има пазарено со тие материјали. Зошто луѓето немаат доверба во Јанева? Јас сум уверен дека таа ниту слушала разговори, ниту тие до неа слушале. Тие се држат само до пакетчињата  кои Заев ги нарекуваше бомби. Тој однесе 6 кутии за чевли таму, а најави 600.000 разговори. Јанева не си ја работи работата, работи тоа што и е диригирано од странски амбасадори и од Зоран Заев. Заев ги најавува работите и се куражи за пред своето членство, рече Пандов.

pari-denari

Преку оваа криза Заев ја чини државата преку стотици милиони евра

Изгубениот раст поради кризата ќе ја чини Македонија над 170 милиони евра. Сумата е пресметка на разликата од растот кој би се остварил во услови на криза и тој што македонската економија може да го испорача ако немаше криза по податоците што ги објави Народната банка.

Во сценариото што сега е поостварливо централната банка предвидува раст на домашниот бруто-производ (БДП) од 1,7 процент, а во услови ако ситуацијата се смири, тој раст ќе биде 3,5 отсто. 1,9 отсто колку што е разликата меѓу двете сценарија е 170 милиони евра од македонскиот БДП, кои лани биле 9 милијарди во апсолутни бројки.

Аналитичарите деновиве велат дека проекциите на Народната банка треба да се примаат како очекувани и немаат дилема дека кризата мора брзо да заврши затоа што штетата врз домашната економија ќе биде значителна.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top