| четврток, 6 декември 2018 |

Роботот Да Винчи оперира пациенти во Плевен

Во болницата има уште еден робот – Грег, кој помага при визита на пациентите кога лекарот не е во болница

robot

Во Универзитетската болница во Плевен, Бугарија, екипите на проф. Григор Ѓорчев, пионерот во воведувањето на роботска хирургија во Југоисточка Европа, оперираат со робот Да Винчи.
„Ова е хирургија на иднината, која веќе работи со полна брзина. Во САД е стандардна во гинекологија, урологија, абдоминална хирургија, додека во Европа се уште заостанува. Таа е малку конзервативна“, коментира професорот.

На почетокот пациентите биле исплашени од тоа што една машина ќе ги извршува работите наместо хирург. Тие подоцна се навикнаа на него, а некои доаѓаат тука да се лекуваат и оперираат само заради роботот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top