Џон Тери на најлош можен начин заврши со своите настапи во премиерлигашот Челси, откако по црвениот картон заработен против Сандерленд, тој ќе мора да ги пропушти последните два натпревари од англиското првенство.
Искусниот дефанзивец ќе го пропушти дербито со Ливерпул, но и сопствената „проштална забава“ која се подготвуваше за последниот натпревар на Челси на домашен терен против Лестер. Така, ќе остане запишано дека Џон Тери на својот последен натпревар во дресот на Челси заработил црвен картон, а неговиот тим претрпе пораз од Сандерленд од 3-2.
Тери во Челси помина цели 18 години, одигра повеќе од 700 натпревари за „сините“ од Лондон, но ваков крај на неговата одисеја во Лондон никој не посакуваше. Раководството долго време размислуваше дали на Тери да му понуди нов договор, и кога не се случи такво нешто, јасно е дека искусниот одбранбен фудбалер од следната сезона нема веќе да биде дел од „сините“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.