| четврток, 6 декември 2018 |

Мидо го исполни ветувањето и се ишиша пред камерите (видео)

ahmed mido

Ахмед Мидо во својата кариера настапуваше за Тотенхем и Мидлсборо, па знае колку е тешко со мал тим да се стигне до голем резултат во Премиер-лигата. Токму тоа беше причината поради која Египќанецот во јануари како стручен аналитичар на „Беин спортс“ јавно искоментирал дека Лестер нема никакви шанси да остане на врвот на табелата, ветувајќи дека ќе се ишиша „на нула“ доколку тоа се случи.

Како што е добро познато, Лестер стана шампион, а вчерашната премиерлигашка емисија на „Беин спортс“ беше една од најгледаните и поради фактот дека во неа Мидо си го реализираше даденото ветување.

Догодина поранешниот голгетер сигурно ќе биде многу повнимателен при своите анализи и облозите во кои ќе учествува пред ТВ камерите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top