Прашањето почнува на 5:20 минута
Српската претставничка на „Евровозија“ се најде во незавидна ситуација на вчерашната прес- конференција во Стокхолм, пренесува српски „Информер“.
Сања Вучиќ и нејзиниот тим од Србија на настапот ќе носат кожни фустани со реси, светлосните ефекти претставуваат решетки како симбол на ропството на угнетените жени, а црвените ЛЕД екрани значат срце кое не престанува да чука.
Иако ова би ги асоцирало луѓето токму на она што треба да биде – на љубов, на еден новинар од Тирана тоа му беше јасен симбол на албанското знаме, а пејачката со раширени раце во фустан со реси го асоцирала на орелот од нивното национално обележје, пренесува српски Информер. –
Повеќето земји оваа година ја имаат бојата на нивното знаме на ЛЕД екраните, но тоа не е случај со Србија.
Дури и вашата гардеробa на на некој начин ja претставува Албанија. Моето прашање е, дали е ова поради зближувањето на Србија со Албанија, праша новинарот.
На пејачката ѝ беше даден знак да не му одговори таа, туку тоа да го направи режисерот на настапот, Марко Новаковиќ.
– Српската песна зборува за растечкото насилство врз жените, а нашата идеја е тие да се обединат и да го победат насилството. Тажен сум што вие овде препознавате некакви симболи, кои ние не сакаме да ги покажеме, бидејќи тие се само во вашата глава – му рече српскиот режисер на албанскиот новинар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)