| четврток, 6 декември 2018 |

Дали албанските медиуми ќе правеа скечови ако радикалите и платениците ги сквернавеа „Приштина“ и „Скендербег“

Не само што не дозволија партнерите на Зоран Заев од БЕСА да се фарбаат Хасан Приштина и Скендербег, кои исто се дел од Скопје 2014, туку сега си прават скечеви за сметка на скандалозното нагрдување на спомен-обележјата на македонската историја.

Она што го прават уличните хулигани од СДСМ и Сорос со уништување и омаловажување на македонската историја и јавните објекти секако не е нешто што тие го разбираат. Важно им е да уништуваат се што некој друг создал, за да се сведе се на нула, и на споредба: ние ништо не направивме и изградивме, ама ни вмровците нема да имаат ништо зад себе. До таму им сче умот, и ни чекор понатаму.

Со векови Македонците градат идентитет и историја која треба да биде почитувана и уважувана од другите, за да имаме држава која не штити, да не бидеме протерани и уништени од другите кои низ тие векови пермамнентно се трудат да ги снема Македонците. За само неколку недели мал дел од Македонците помагани од странски тим лидери ја доведоа целата историја во прашање – ја уништуваат и даваат аргументи на душманите против сопствениот народ.

Штом во ист кош се нашле соросоидите на кои единствена работа низ Европа им се државни удари и воспоставување нивни диктатури, се нашле и Беса – албанските радикали кои имаат само една политика, а тоа е федерализација на Македонија и уличари-анархисти од СДСМ… резултатот е јасен.

Како не им текна да ги уништуваат албанските споменици низ Скопје, пред се споменикот на Скендербег. Не дај Боже да им текне, Албанците своите споменици би ги бранеле со крв. Но затоа македонските може да се уништуваат и понижуваат, а токму албанските медиуми потоа се потсмеваат на македонската нација која се поништува самата себе од раце на сопствение хулигани, уличари и анархисти. Во редовите на хулиганите од СДСМ има и Албанци (Едмонд Адеми и неколку други), од врвот на нивната партија, кои заедно со радикалите од Беса учествуваат во уништувањето на симболите на македонската историја и силно ги поттикнуваат останатите да го прават истото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top