| четврток, 6 декември 2018 |

Над 50 загинати: Градежниците во Косово со најголем ризик

gradezniciВо изминатите четири години во Косово на работното место животот го загубиле 50 работници.

Според податоците на надлежните институции, во 2012 година евидентирани се 17 повреди на работа со фатален крај.Тоа било последица на недостигот на содветни услови при работи и сите биле во градежниот сектор.

-Исто толкав број,17, е евидентиран и следната 2013 година, додека во 2014 евидентирани се девет смртни случаи и 45 повреди. Идентичен број е евидентиран и минатата година, изјави Басри Ибрахими, главен државен инспектор за труд.

Тој сепак децидно не кажува дали поради необезбедувањето услови за работа некоја компанија е казнета. Само додава дека Инспекторатот јавно не ги кажува казнетите компании.

-Казнетите не ги кажуваме. Безбедноста и здравјето се наш припритет и за тоа изречени се 194 казни. Како резултат на честите конторли се намалуваат и несреќите при работа, рече Ибрахими и најави засилени инспекциски конторли за време на летниот период кога градежниците се најактивни.

Според него појавата на недостиг на услови за работа е присутна кај приватните компании.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top