| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ повторно на преговарачка маса бара Албанец премиер

ademi_albanec_premier

Официјалниот став на СДСМ за поставување на премиер Албанец, кој ќе формира влада во која клучните министерства како МВР, МНР, Финансии, и секторите како БЈБ и УБК ќе бидат предадени на ДУИ, ДПА па дури и во рацете на радикалната БЕСА денес доби и потврда од Извршниот одбор на СДСМ.

Членот на Извршниот и Централен одбор на СДСМ Едмонд Адеми, кој исто така важи и за човек од доверба на Оливер Спасовски денес ја обелодени варијантата која СДСМ ја има ставено на преговарачката маса, посавување на премиер Албанец и предавање на власта во рацете на ДУИ, ДПА и радикалната БЕСА.

ademi_kongres (2)

Доколку овој предлог на СДСМ биде поддржан и од странскиот фактор, постои голема веројатност ВМРО-ДПМНЕ да ја напушти владата, а Заев со поддршка од странците заедно со албанските партии да формира анти-македонска, малцинска влада со премиер или претседател Албанец, одредени суштински министерства да бидат под капата на ДУИ и ДПА. Министерства како МВР, МНР или финансии да бидат во рацете на ДУИ и ДПА, па дури и кај радикалната БЕСА. Доколку пак, не добијат министер на МВР, повеќе од сигурно е дека на Албанците ќе им припаднат директорските места во УБК и БЈБ. Ова би значело дефинитивно продлабочување на кризата и излевање на десеткратно повеќе гнев на улиците, бидејќи благодарение на Заев Македонците ќе ја загубат власта во сопствената држава и ќе ги претставува малцинска партија. Ваквата варијанта пак, за странците е неприфатлива во овој момент бидејќи тоа значи и дефинитивна ескалација на состојбите во Македонија и дебакл на сите нивни политики, дознава iNFOMAX.mk

Ademi_krv

Пред четири месеци Едмонд Адеми повикуваше на леење крв по улиците со зборовите „Дур не се пролее крв по улиците, ниту режим паѓа, ниту слобода се стекнува“, а како што можеме да видиме неколку месеци подоцна, оваа најава на Адеми се ефектуираше преку насилните протести кои ги организира СДСМ.

Истите се поддржани од радикални исламистички структури како БЕСА, 113-та бригада на УЧК, претставници на Ал Акса и Хамас, Канвас, терористичката група АНА од Косово, албанската дијаспора која не крие дека со Заев договара федерализација на Македонија.

За оваа стратегија веќе подолго време се зборува во СДСМ, а јавно зборуваше и Љубомир Фрчковски, кој на албанска телевизија изјави дека немало ништо страшно во тоа Албанец да биде премиер или претседател.

Освен Фрчовски, за овој план зборуваше и Зоран Заев кој во интервју за Косовска телевизија ветуваше дека Албанскиот јазик ќе се употребува на територија на цела Македонија и ќе се изучува од предучилишна возраст.

gero_federalizacija

Најотворен пак во најавите за федерализација на Македонија, и поставување на анти-македонска влада, со Албанец премиер беше првиот советник за пропаганда на Заев, Бранко Геровски кој посвети и цела колумна насловена „Ајде да разговараме за федерализација“ во која ги пропагираше идеите на СДСМ за Албанец премиер и за Влада водена од Албански малцински партии како решение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top