Хорхе Лоренцо, утрешната трка за големата награда на Франција за првпат ќе ја започне од пол-позицијата. Шпанецот најави доминација нан тренинг сесиите, а одличната форма во тековната сезона ја потврди со сефте прво стартно место на гридот. Од 2008 година па сè до минатата година, возачот на Јамаха во четири прилики ја освои победата, но ниту еднаш не тргна од пол-позицијата.
Андреа Јаноне постави најбрзо време на последниот тренин, но поради проблеми со гумите не успеа да притисне до крај за нова пол-позиција. Возачот на Дукати ќе ја зпаочне трката од третото место односно од првиот ред помеѓу Лоренцо и Маркез.
Пол Еспагаро беше изненадувањето на квалификациите кој беше константен во своите кругови. Трката ќе ја започне од вториот ред покрај Довициозо и Бредли Смит. Валентино Роси кој сите досегашни трки ги започна од првиот ред утрешното ГранПри ќе го започне од третиот ред. Вињалес, Крачлоу, Петручи, Педроса и Алеиш Еспагаро до петтиот ред.
Трката е закажана за утре (8.мај) со почето во 14.00 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.