Бразилскиот ас Нејмар, сигурно ќе ја засили Барселона, откако Каталонците побарале полиса за осигурување на играчот на Сантош. Тоа е доказ дека двете страни потпишале преддоговор, а се најавува дека трансферот ќе чини 70 милиони евра. Шпанските медиуми тврдат дека Барселона веќе платила 15 милиони евра, а ако Сантош се предомисли и го продаде Нејмар на друг клуб, според условите во преддоговорот сумата не смее да биде помала од 100 милиони евра.
Во тој случај, Барселона би ја активирала полисата за осигурување и ќе добие отштета. Трансферот на Нејмар од Сантош во срцето на Каталонија треба да се случи ова лето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)