| четврток, 6 декември 2018 |

Сан Антонио го врати брејкот, „Јастербите“ со кратки крила против Кливленд (видео)

klivlend

Сан Антонио го вратија брејкот од првиот натпревар во полуфиналната серија на западната конференција против екипата Оклахома победувајќи во синоќешниот дуел на теренот на домаќините со 100-96.

Кави Леонард имаше одлична вечер со 31 поен и 11 скока, од кои најважен скок можеби беше последниот во финишот од натпреварот кога Тандер се обидуваа да дојдат до израмнување. Ламаркус Олдриџ постигна 24 поени, додека Тони Паркер реализираше 19 поени. Расел Вестбрук со 31 поен ги предводеше домашните кошаркари, а Кевин Дурент постигна 26 поени.

Сега резултатот во серијата е 2-1 во победи за Сан Антонио, а четвртиот меч повторно се игра на теренот на Оклахома.

Кливленд се наоѓа на чекор до финалето од Источната конференција откако славеа и на третиот натпревар против Атланта, овојпат на гостински терен со резултат 108-121. Шутот од далечина како и во претходниот меч повторно беше клучен фактор во играта на Кливленд, Леброн Џејмс и соиграчите погодија дури 21 тројка, а клучна беше последната четвртина што гостите ја добија со 16-31, вртејќи го резултатот во своја полза и стигнувајќи до победата.

Ченинг Фрај погоди седум тројки од девет обиди за Кливленд и беше најефикасен со 27 поени, пред Џејмс и Ирвинг со по 24, додека Кевин Лав имаше дабл-дабл од 21 поен и 15 скокови. Кај Атланта најдобри поединци беа Хорфорд со 24 поени и Тиг со 19 поени и 14 асистенции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top