| четврток, 6 декември 2018 |

Нов одличен настап за Aнтониа Гиговска (ВИДЕО)

Антониа Гиговска синоќа повторно воодушеви на натпреварувањето „Пинкови ѕвездички“. Четиринаесетгодишната скопјанка ја изведе песната „Сузе за крај“ од Даница Крстиќ и покрај овации од публиката, доби и одлични критики од жирито.

Антониа е една од трите девојчиња од Македонија кои се натпреваруваат на ова музичко шоу за откривање на млади таленти. Покрај неа се и Мартија Станојковиќ (12) и Елена Бимбиловска (15).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top