| четврток, 6 декември 2018 |

Росалинда препеа песна од Северина – вака звучи „Уно моменто“ на шпански (ВИДЕО)

Латиноамериканската музичка ѕвезда Талија, на овие простори позната по улогата на Росалинда во истоимената серија, препеа песна на Северина. На новиот албум „Латина“ на 44-годишната пејачка и актерка од Мексико се најде и „Тики тики та“, препеана верзија на „Уно моменто“.

Авторот на композицијата Филип Милетиќ, заедно со текстописецот Милош Рогановиќ, потпишаа ексклузивен договор со тимот на Талија, со кој дозволуваат балканскиот мегахит да биде препеан на шпански.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top