Државјанин на Алжир е првиот обвинет за сексуалните напади врз жени што се случија за време на новогодишната прослава во Келн и неколку други градови во Германија.
Обвинетиот 26 Алжирец е обвинет дека формирал група од 10 напаѓачи кои што најпрвин ја обиколиле а потоа и сексуално малтретирале една жртва а по што и го украле телефонот и личниот накит.
Според обвинението во период од неколку минути напаѓачите интензивно ја допирале жртвата со „сексуален мотив“ на централната железничка станица во Келн.
На судењето е присутен и братот на обвинетиот Алжирец кој е обвинет дека на жртвата и го украл мобилниот телефон.
Сексуалните напади за нова година сторени од страна на луѓе со арапско и северно африканско потекло го засили анимозитетот на јавноста кон барателите на азил од Блискиот Исток по што крајно десничарските групи протестираат против „Сексуалниот џихад“ а антиимигрантската партија АФД дојде до рекорден политички рејтинг.
За Нова година во повеќе градови беа нападнати 1.170 жени од кои 492 доживела сексуални напади. Досега 9 напаѓачи беа осудени за физички напад.
Главниот организатор на сексуалните напади е 19 годишен Мароканец кој минатата недела е уапсен во Швајцарија поради кражба во продавница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.