| четврток, 6 декември 2018 |

Последниот албум на Боуви крие тајна порака за сите обожаватели

Последниот албум на Дејвид Боуви “Blackstar”, кој го објави како подарок за своите фанови непосредно пред смртта крие порака која обожавателите дури неодамна ја откриле.

Screenshot

Неговиот 25 албум излезе на неговиот 69 роденден и тоа само два дена пред неговата смрт. Тоа беше прв албум на овој уметник кој на насловната страна немаше негова фотографија.

Генијалноста на Боуви по  кој знае кој пат дојде до израз и кога овој албум е во прашање. Кога ќе ја отворите опаковката и петокраката која се наоѓа на него ќе  ја изнесете на сончева светлина ќе ви се прикаже вистинска ѕвездена галаксија.

Данкан Џоунс, синот на Боуви напиша на Твитер: „Дури и сега остави изненадување. Толку умен. Толку недостасуваш“:

zvezda

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top