| четврток, 6 декември 2018 |

Алегри со нов договор со Јувентус до 2018 година

alegri

alegri

Италијанскиот првак Јувентус и тренерот Масимилијано Алегри ќе ја продолжат соработката за уште две сезони. Тој ќе потпише договор до јуни 2018 година. Сите детали се веќе договорени, а официјално новиот „дил“ треба да биде соопштен во јавноста во текот на денешниот или на утрешниот ден, информираат медиумите на Апенините.

По одличната сезона и новата шампионска титула во Серија А, раководството на „старата дама“ одлучи да му понуди нов договор на Алегри, а тој нема ништо против и понатаму да го предводи најдобриот тим во Калчото. Стратегот веќе одобри и акција за неколку засилувања кои треба да пристигнат во Торино, пред се од Челси. На радарот на Јуве се Немања Матиќ и Оскар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top