Познато е дека освен што бил голем револуционер и диктатор, Фидел Кастро бил и голем љубовник. Ви го претставуваме едниот од неговите внуци.
По конечното „отворање“ на границите и симнувањето на американското ембарго, Куба стана малку пофлексибилна кон капиталистичките вредности, што, пак, наиде на различни реакции. Хавана изминативе денови беше во центарот на модата и ги пречека најголемите ѕвезди од модната индустрија, кои пристигнале на ревијата на „Шанел“. Меѓу нив беше и ова момче.
Тој изгледа како типичен манекен за реклама за некоја есенска модна колекција, што всушност и е негова професија, но овој миленик на тинејџерките има малку поинаква историја од тоа што би можело да се очекува. Ова е доказ дека не смееме да бидеме површни. Имено овој манекен се вика Тони Кастро и е внук на славниот (или озлогласениот, зависно кого прашувате) Фидел Кастро.
Не знаеме какво е мислењето на неговиот дедо за професијата на внукот, но на овој пример учиме колку светот се сменил од кубанската револуција до денешните времиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.