| четврток, 6 декември 2018 |

Руски богаташ перел пари за руската мафија преку португалски клуб

ruski bogatas

Португалската полиција го уапси претседателот на португалскиот фудбалски прволигаш Униао Леирија, Александар Толстиков, под сомнение дека перел пари за руската мафија преку португалскиот фудбал. Покрај претседателот Толстиков, приведени се и генералниот секретар Јуриј Зајцев, како и финансискиот советник на клубот. Акцијата под име „Матрушки“ е спроведена откако е извршена проверка во канцелариите на неколку португалски клубови, Бенфика, Спортинг Лисабон и Брага, каде се пронајдени и сомнителни документи за трансфери на фудбалери со клубот Униао Леирија. Постојат основани сомневања дека со трансферите се переле пари на руската мафија.

Во моментот овој клуб е во третата лига на Португалија, а од 2014 година сопственик и менаџер е Александар Толстиков. Во моментот во Униао Леирија играат четворица руски фудбалери: Никита Голдобин, Етор Никулин, Анатолиј Николаеш и Кирил Костис. Во 2015 година во Бенфика е продаден Виталиј Лисцов.

Како што наверува португалскиот весник „А Бола“, акцијата е спроведена за да бидат расветлени трансферите на Рукас, Лисцов и на голманот на Краснодар, Стамислав Крицјук, кој во минатото бил играч на Рио Аве и на Брага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top