Португалската полиција го уапси претседателот на португалскиот фудбалски прволигаш Униао Леирија, Александар Толстиков, под сомнение дека перел пари за руската мафија преку португалскиот фудбал. Покрај претседателот Толстиков, приведени се и генералниот секретар Јуриј Зајцев, како и финансискиот советник на клубот. Акцијата под име „Матрушки“ е спроведена откако е извршена проверка во канцелариите на неколку португалски клубови, Бенфика, Спортинг Лисабон и Брага, каде се пронајдени и сомнителни документи за трансфери на фудбалери со клубот Униао Леирија. Постојат основани сомневања дека со трансферите се переле пари на руската мафија.
Во моментот овој клуб е во третата лига на Португалија, а од 2014 година сопственик и менаџер е Александар Толстиков. Во моментот во Униао Леирија играат четворица руски фудбалери: Никита Голдобин, Етор Никулин, Анатолиј Николаеш и Кирил Костис. Во 2015 година во Бенфика е продаден Виталиј Лисцов.
Како што наверува португалскиот весник „А Бола“, акцијата е спроведена за да бидат расветлени трансферите на Рукас, Лисцов и на голманот на Краснодар, Стамислав Крицјук, кој во минатото бил играч на Рио Аве и на Брага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ова е Македонката која била „шефица“ за перење пари: Се фалела со луксуз, уживала на јахти додека правела големи скандали (галерија)
-
ЕК бара од осум членки на ЕУ да преземат мерки против перењето пари
-
Сандро Росел зад решетки, уапсен поранешниот претседател на Барселона
-
„Журнал“ ја објави анализата на „Балкан аналитик груп“: За 10 години испрани 100 милиони евра во општина Струмица