Сандро Росел, поранешниот претседател на Барселона, утрово е уапсен од локалните власти наводно поради перење на пари и тоа во времето кога ја извршуваше претседателската функција на клубот.
Всушност, тој е обвинет за перење на пари во износ од 35 милиони евра, меѓу кои дел има и од трансферот на Нејмар од Сантош во Барселона. Истрагата утврди дека Росел преку фиктивни фирми ширум светот на нелегален начин собирал провизии, а исто така, обвинет е и за нерегуларности во трансферот на Нејмар.
Обинителството бара пет години затвор за Росел заради корупција и перење на пари. Каталонецот беше прв човек на Барселона во периодот од 2010 до 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Ова е Македонката која била „шефица“ за перење пари: Се фалела со луксуз, уживала на јахти додека правела големи скандали (галерија)
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Маж уапсен бидејќи појадувал со жена (ФОТО)