Македонскиот првак ЖРК Вардар отпатува во Будимпешта по трета среќа, надевајќи се дека конечно ќе избори пласман во финалето на Лигата на шампионите и ќе го нападне најдрагоцениот пехар. Така мисли и моторот на тимот Андреа Лекиќ, која за спортскиот портал Екипа изјави дека сака „црвено-црните“ девојки да направат еден чекор повеќе од минатите настапи, да го минат ЧСМ Букурешт, а потоа и да ја нападнат круната.
– Оваа сезона се надеваме дека ќе направиме еден чекор напред и дека ќе успееме да се пласираме во финалето. Но, прво не очекува полуфинален дуел со ЧСМ Букурешт. Не мислам дека сме ние фаворити, шансите се 50-50 и ќе треба да го дадеме својот максимум за да успееме. Ќе играме два тешки меча за 24 часа. Работевме напорно и се надеваме на најдобро – изјави Андреа Лекиќ за Екипа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.