Во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија вечерва ќе биде претставен книжевниот портрет на Михаил Ренџов, еден од најзначајните македонски литературни творци. Неговите книги се преведени на десетина светски јазици, меѓу кои и три книги на бугарски јазик.
За делото на Михаил Ренџов ќе зборуваат македонскиот поет и литературен критичар Бранко Цветкоски и бугарскиот поет и преведувач Роман Кисјов.
Одбрани стихови од авторот ќе чита актерот Иван Калошев во придружба на гитара од Ива Христовска.
Настанот ќе го отвори директорот на Културно-информативниот центар на Васко Шутаров, а истиот се реализира со поддршка на Министерството за култура на Р. Македонија и во соработка со македонското книгоиздателство „Макавеј“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на книгата „Јас.Елегии” од Михаил Ренџов
-
Промоција на книгата „Јас, елегии“ од Михаил Ренџов во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“
-
Михаил Ренџов добитник на наградата „Браќа Миладиновци“
-
Послание или черемен запис на поетот Михаил Ренџов: Македонците во овој свет на агресија пак ќе победат со човекољубието