| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на книгата „Јас, елегии“ од Михаил Ренџов во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје организира промоција на книгата „ Јас, елегии “ од истакнатиот македонски поет Михаил Ренџов. Книгата е добитник на престижната награда „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата, за најдобра поетска книга во 2017 година. За најновата книга на Ренџов ќе зборува проф. д-р Кристина Николовска а стихови ќе кажува актерот Томе Витанов.

Промоцијата ќе се одржи на 31 октомври(вторник) 2017 година во спомен-собата на Миладиновци, со почеток во 19.00 часот

Михаил Ренџов– еден од најпознатите поети во македонската книжевност. Автор е на многу поетски книги а како негови најзначајни остварувања се издвојуваат збирките поезија: Ноќно растење на зборот, На работ од сонот, Нерези, Феникс, Псалми ,ЈасОксимерон. Добитник е на најзначајните книжевни и општествени награди.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top