| четврток, 6 декември 2018 |

Михаил Ренџов добитник на наградата „Браќа Миладиновци“

Македонскиот поет Михаил Ренџов е годинешниот добитник на наградата „Браќа Миладиновци“, која се доделува во рамки на Струшките вечери на поезијата.

Жири-комисијата во состав на Глигор Стојковски (претседател), Димитар Пандев, Иван Џепароски, Кристина Николовска и Јовица Тасевски-Етернијан (членови) ги изложија своите критичко-аналитички согледби за книгите, а како фаворити за наградата се издвоиле две книги: „Јас. Елегии“ од Ренџов и „Со слободна рака“ од авторот Јовица Ивановски.

Ренџов изрази благодарност и потенцираше дека секој од петте номинирани во потесниот круг, ќе ја заслужеше оваа награда.

-На овие години да ја добијам наградата е навистина голема чест. Автор сум на 25 книги, што значи дека трудот не бил залуден. На заодот на животот најдов уште една причина да се живее – рече Ренџов на прес-конференцијата.

Ренџов втор пат е добитник на оваа награда. Првиот пат ја доби за збирката „Нерези“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top