
По петти пат во последната деценија актуелниот шампион Севилја ќе игра во финалето на Лига на Европа.
Во вториот реванш полуфинален дуел вечерва, Севилја на домашен терен го совлада Шахтјор со 3-1 и со вкупни 5-3 се пласираа во финалето.
Фудбалерите на Севилја го искористија поволниот резултат од првиот натпревар во Украина, кој заврши нерешено 2-2. Домашната екипа одлично го започна натпреварот и брзо стигна до водство. Кевин Гамеиро искористи една кардинална грешка на одбраната на Шахтјор и се најде сам пред гостинскиот голман Пјатов, кој не можеше да го одбранни силниот удар на францускиот напаѓач – Севилја води во 9. минута со 1-0.
Пред крајот на првото полувреме домаќините имаа уште неколку шанси да ја зголемат предноста, но не ги искористија, па казната стигна во 44. минута кога Бразилецот со хрватски пасош, Едуардо постигна гол за израмнување на резултатот.
Со овој гол надежта за гостите за момент се врати, но сепак, во вториот дел Севилја немаше милост за противникот. Уште во 47. минута Гамеиро го постигнува својот втор гол за водство од 2-1.
Дванаесет минути подоцна Севилја става точка на натпреварот. Мариано искористи одлично додавање од Витоло и постигна гол за конечни 3-1 и пласман во финалето.
Севилја трета година по ред ќе игра за трофеј во Лига на Европа, а потсетуваме дека клубот од Андалузија последните 10 години играше четири пати во финалето и сите четири финалиња до сега ги завршуваше со триумф, што значи ќе се бори за својата петта титула.
Противник на Севилја во финалето, кое ќе се игра во Базел на 18 мај, ќе биде екипата на Ливерпул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


