| четврток, 6 декември 2018 |

Јелена била труена пред убиството?! Обвинителството под итна постапка наложи токсиколошка анализа

Полицијата се уште го бара убиецот кој на 2 април со повеќе од 25 удари по глава ја усмртил пејачката Јелена Марјановиќ (33). Со детална токсиколошка анализа ќе биде утврдено дали монструмот евентуално ја труел несреќна жена.

jeca

Според изворите на истрагата, обвинителството под итно наложило во што покус рок да се завршат налази кои може да бидат корисни во понатамошна истрага.

-Во тек е анализа на крвта на убиената пејачка, а на таа анализа се чека и по неколку недели. Се утврдува дали таа пилеа некои  лекови, а ако пиела тогаш кои медикаменти и поради што – изјавил извор од истрагата за медиумите кој тврди дека наодот ќе покаже што пејачката јадела и пиела пред да биде ликвидирана.

– Полицијата не ја исклучува можноста  дека напаѓачот со денови пред да го стори злосторот ја труел пејачката  и на тој начин се обидел да ја деконцентрира – вели изворот.

kuca-jelene-krsmanovic

Можно е и дека пејачката била зашеметена со некое средство, а потоа убиена.

Токсиколошките наоди би требало да бидат доставени во Обвинителството до крај на неделата. Потсетуваме, пејачката Јелена Марјновиќ беше убиена на 2 април, а убиецот се уште не е пронајден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top