| четврток, 6 декември 2018 |

„Ролс Ројс“ дизајнираше комплет торби, кои чинат колку еден автомобил (фото)

oror

„Ролс Ројс“ е марка позната по тоа што ништо не прави со половина срце. Компанијата одлучи да создаде нов комплет торби за патување.

Шесте делови за багаж од колекцијата „Wraith Luggage“ која вклучува два куфера, три патнички торби и торба за формална облека, се дизајнирани од дизајнерско студио на компанијата „Bespoke“, како додаток на автомобилите на „Ролс Ројс“.

Секоја торба може да биде дизајнирана по нарачка за клиент со елементи кои личат на карактеристиките на моделот „Rolls-Royce Wraith“.

Да, можно е колата и чантите за багаж идеално да одговараат, до конците и користената кожа. Како и самите возила и оваа колекција воопшто не е евтина.

oror1

Нејзината цена на мало ќе биде 45 854 долари за шесте делови, што е колку што чини еден автомобил. Торбите се продаваат и одделно.

Се разбира, човек кој што може да си дозволи да потроши над 40 000 долари за комплет торби за багаж, најверојатно нема да биде оној кој ќе ги носи поголемиот дел од времето.

Имајќи го тоа предвид, од „Ролс Ројс“ се консултирале со експерти (главни економи во некои од најлуксузните хотели во светот), за да ја дизајнира колекција.

Резултатот е целосно функционален и стилски комплет.

Колекцијата се продава од дилерите на „Ролс Ројс“.

oror2(1)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top