Владимир Марјановиќ свекорот на брутално убиената пејачка Јелена Марјановиќ (32) изјавил за медиумите дека неговото семејство никого не за*бала, ниту пак дека тој таквов нешто му кажал на некој.
Потсетуваме, српските медиуми објавија дека Владимир на неговата сопруга Зорица додека ја пуштале од полицијата мината недела во еуфорија и кажал „дека се извлекле и сите ги за*бале“.
Марјновиќ меѓутоа ги демантирал тие написи и кажа дека совеста на неговото семејство е чиста како солза.
-Нашата совест е чита за разлика од таму некои кои тврдат дека сме кажале ова или он, дека сум кажал како сме ги за*бале сите…Јас такви зборови никогаш не користам – нагласил Марјановиќ.
Но изјавите на сведоците се спротивни на тоа што го тврди свекорот Владимир.
-Владимир и Зорица беа многу нервозни кога дојдоа во полиција. Додека чекаа да ја сослушаат Зорица Владимир во ходникот од полициската станица и даваше детали упатства на сопругата како да одговара на прашањата од инспекторите. И зборуваше што смее, а што не смее да каже за својот однос со Јелена и кои детали смее да ги открие за работата со која се занимава. Делуваа како некој кој е фатен во стапица и кој ќе фати дека ќе биде откриен – изјавил сведок од полициската станица и додал: „Ја напуштија полициската станица далеку помалку нервозни, дури може да се рече дека делуваа среќно. Кога стоеја пред нивната кола моите колеги го прислушкуваа нивниот разговор и велат дека Владимир и кажал на Зорица дека добро ја сработила задачата и на сите прашања одговорила како што требало. Во еуфорија додека и отвораше врата од автомобилот Зоран и кажа на сопругата :„Зорице, мислам дека се извлековме,нека бараат жена, маж, секаташ, момче на велосипед, кого сакаат Ние сите ги за*бавме“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.