Под превезот на граѓански протест пред точно една година беше организиарн насилен упад во објектот на Владата на Република Македонија во кој беа нападнати и повредени припадници на безбедносните сили.
Триесет и осум полицајци, од кои шест посериозно, еден повреден цивил беа повредени на 5-ти мај 2015 година во нападите на вандалите и насилниците кои направија и голема материлајна штета.
За време на протестот уништени беа седум полициски возила и друга опрема, искршени прозорците на Радио Слободна Македонија, а беше симнато и македонското знаме од јарболите пред Владата.
Исто така беа нападнати и новинарски екипи, оштетени камери и возила.
Насилствата почнаа како наводен спонтан граѓански протест по повод објавување на тн бомби од страна на Зоран Заев, но во еден момент преминаа во отворено насилство и хулиганство насочено кон полицијата. Како што известиваа медиумите тогаш видно беше присуството на партиски активисти на СДСМ , но и нивни високи функционери. Според снимките на медиумите присутна на насилниот настан била и Радмила Шекеринска, заменик претседател на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.