| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во Кичево: Пијан маж прегазил двајца пешаци, па побегнал

Вчеравечер во 23.45 часот во Кичево на ул.„Прилепска“, се случила сообраќајна незгода во која М.Д.(36) од Кичево, управувајќи со „опел вектра“ со охридски регистарски ознаки, удрил во пешаците Е.С.(54) и С.С.(54) двајцата од Кичево, а потоа го напуштил местото на настанот.

Во незгодата, пешакот Е.С. од здобиените тешки телесни повреди починал на самото место, додека пешакот С.С. се здобила со телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар во Кичево е пуштена на домашно лекување.

Околу 00.45 часот возачот и возилото се пронајдени и му е извршено алкотестирање при што е утврдено присуство на алкохол во крвта од 2,02 промили.

Увид на местото на настанот извршиле екипа од кичевската полиција и јавен обвинител, по чијашто наредба телото на починатиот е дадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top