Вчеравечер во 23.45 часот во Кичево на ул.„Прилепска“, се случила сообраќајна незгода во која М.Д.(36) од Кичево, управувајќи со „опел вектра“ со охридски регистарски ознаки, удрил во пешаците Е.С.(54) и С.С.(54) двајцата од Кичево, а потоа го напуштил местото на настанот.
Во незгодата, пешакот Е.С. од здобиените тешки телесни повреди починал на самото место, додека пешакот С.С. се здобила со телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар во Кичево е пуштена на домашно лекување.
Околу 00.45 часот возачот и возилото се пронајдени и му е извршено алкотестирање при што е утврдено присуство на алкохол во крвта од 2,02 промили.
Увид на местото на настанот извршиле екипа од кичевската полиција и јавен обвинител, по чијашто наредба телото на починатиот е дадено на обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


