Пејачката Џенет Џексон, која има 49 години е бремена со своето прво дете.
Малата сестра на Мајкл Џексон ги изненади своите фанови во почетокот на април, велејќи дека ја прекинува својата турнеја „Unbreakable“, за да се посвети на семејниот живот, без да кажува повеќе детали.
Според сајтовите „ET“ и „E! News“ пејачката веќе е во второто тромесечие од бременоста.
Џенет Џексон на 16 мај ќе наполни 50 години. На оваа возраст природното забременување е многу ретко. Сепак, ин витро оплодувањето овозможува толку доцно мајчинство.
Портпаролот на пејачката одби да ја потврди веста. Но таа сепак на „Твитер“ ги потхрани гласините, со тоа што објави свои фотографии како танцува со хаштаг „DammnBaby“.
Обично Џенет Џексон е многу дискретна за приватниот живот. Таа во 2012 година тајно се омажи за катарскиот магнат Висам ал Мана, а веста ја потврди дури во 2013 година. Ова е нејзин трет брак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.