| четврток, 6 декември 2018 |

Хазелхоф пред свадба со 27 години помладата девојка

Разликата во годините во љубовните врски на познатите секогаш интригира, а таква е и врската на актерот Дејвид Хазелхоф (63), кој е познат по хит серијата „Чувари на плажата“.

Тој одлучи по пет години врска да ја запроси неговата девојка Хајли Робертс (36) на плажата во Малибу. Хазелхоф изјави дека се двоумел и ја одложувал веридбата, затоа што мислел дека е многу стар за неговата девојка.

Тој рече дека ја побарал за сопруга не затоа што сака да живее со неа, туку затоа што не може да живее без неа.

Хајли не верувала дека Дејвид ќе ја запроси и изјави дека тоа било големо изненадување за неа. Таа додаде дека разликата во годините не и пречи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top