Синоќа почна Фестивалот на монодрама во Битола. Фестивалот ќе трае седум дена, а вљубениците во театарот имаат можност да погледнат 13 монодрами, кои ќе се борат за престижната Гран-при, како и неколку претстави што ќе бидат изведени надвор од конкуренција.
На фестивалот учествуваат актери од повеќе земји меѓу кои Албанија, Србија, Македонија, Литванија, САД, Хрватска, Израел, Ерменија и Бугарија.
Престижната награда ќе ја додели интернационалното жири Нина Мазур, Иван Лео Лемо, Братислав Димитров, Билјана Крајчевска и претседателот Петар Темелковски. Фестивалот е во организација на Центар за култура Битола а со поддршка на Министерството за култура.
Фестивалот го отвори претставата „Животот е прекрасен“ на МНТ а во режија на Александар Морфов, а ќе го затвори „Случајот Хармс” на Театар Комедија во режија на Дино Мустафиќ.
Селектор на официјалната програма е Петар Мирчевски.
фото: Димитар Петковски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.